Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

Од:

Околу 15 објекти кои би прифатиле околу 1.500 деца, во моментов се адаптираат, реконструираат и модернизираат, а се градат уште 11 нови со капацитет за 1100 дечиња, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што презема Владата во однос на проблемите со сместувањето и капацитетите на градинките.

– Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму каде што има листи на чекање, да нема повеќе листи на чекање. Тоа најчесто беше пример во Скопје и во неколку поголеми урбани средини и чекор по чекор тој процес се завршуваше. Она што можам да го кажам е дека во моментот околу 15 објекта се адаптираат, реконструираат, модернизираат, коишто би прифатиле околу 1500 деца, мислам дека 1461 точно, е капацитетот, изјави премиерот Мицкоски по отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Тој истакна дека уште 11 нови објекти се градат со капацитет за околу 1100 дечиња. Кога сето ова ќе се затвори, подвлече Мицкоски, листите на чекање мислам дека ќе бидат веќе минато или би биле многу мали или незначителни.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски