„Ја поддржувам оваа иницијатива бидејќи бев иритиран од новиот министер за одбрана. Тој не се придржа до протоколот, не ја прочита последната реченица. Секој од нас кога ќе добие функција, нема да ја одбие.
Немам замерка толку на Талат Џафери колку на неговиот предлагач за министер. Неговиот предлагач нема служено војска мислам и го нема тој осет што значи да си војник, да даваш заклетва, значи дека ќе си верен на својата татковина.
– Мислам дека е уценет од коалициониот партнер, но може и намерно да го предложил Талат Џафери затоа што премиерот знае дека тоа ќе подигне револт и ќе врши дефокусирање од останатите проблеми“, изјави Ѓоко Несторовски.