(ВИДЕО) Фрчкоски: Иванов не разбира што прави

Од:

Според професорот и еден од уставотворците, Љубомир Данаилов Фрчкоски, претседателот Ѓорге Иванов не може да оценува партиски програми од причина што нема такво овластување.

– Една од најделикатните работи во уставите на либералните држави се балансот на сили и поделбата на власта. Во овој случај тоа не е работа на нашиот претседател, тоа е работа на Собранието. Иванов ги крши двете линии и према другиот дел од извршната власт барајќи програма, а на Собранието му ги зема надлежностите кои му припаѓаат нему не разбира што прави, тој мисли дека неговата позиција како претставник на земјата се остварува на овој начин, кршејќи го Уставот, вели Фрчкоски за А1он.

Тој вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не смее да му ја образложува програмата на Иванов, бидејќи со тоа и тој ќе го прекрши Уставот.

Според Фрчкоски, во Македонија не постои традиција на давање на мандатот, постои јасен член 90 во Уставот.

– Во кратката изјава од 5 минути, таа сапунска серија на кршење на Уставот од страна на или како тоа Хорхе го замислува Уставот не знам, меѓутоа продолжува на начин што две изјави, две реченици од таа изјава се отворено прекршување на Уставот. Прво е дека тој постапувал согласно Уставот и во двата случаи на давање мандат, а тие два се различни. И не разбира што зборува, дека или едниот или другиот може да биде согласно Уставот, но не можат двата. Во едниот го прекршил, а тоа беше првиот пат, кога му го додели мандатот на Груевски. Тој нормално не смее да му писне, тој стресен е од Груевски и не можел да му каже не можам да ти го дадам мандатот, треба да ми докажеш дека имаш мнозинство и му го дал повикувајќи се на традиција, рече професорот.

Тој вели дека Заев го има потребното мнозинство и тоа ќе го постави.

– Мислам дека Заев го има потребното мнозинство и тоа ќе го постави, сметам дека ќе излеземе од таа приказна иако е малку тажна колку глупаво и колку заглавено може да изгледа тоа од најчиста ситуација стандардна во Уставните решенија, вели Фрчкоски.

Едниствена слобода на претседателот, според уставотворецот е во уверувањето дали тој што го бара мандатот има парламентарно мнозинство.

– Уставот е јасен, овој член е ист со другите и за никого не е проблем освен за оние кои се обидуваат да го растурат и блокираат со разни толкувања, нагласува Фрчкоски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Левица: Фрчковски гласаше „против“ Резолуцијата за Борба против фашизмот и нацизмот