На денот на почетокот на Балканската војна која резултираше со Букурешкиот договор Достоинство презентираше анкета нарачана кај агенцијата Рејтинг и спроведена од од 5. до 10. јуни, на 1.217 испираници.
Според резултатите, на прашањето дали Бугарија ја има окупирано Пиринска Македонија во 1913. година, 63 проценти од Македонците одговориле потврдно.
70,6 проценти од Македонците сметаат дека Егејска Македонија е окупирана од Грција во 1913 година.
На прашањата какви права уживаат Македонците во Грција, 87 проценти од Македонците од Македонија одговориле дека немаат никакви права.
64 проценти од испитаниците одговориле дека Македонците во Бугарија немаат никакви права.
Само 12 проценти од испитаниците одговориле дека Македонците немаат никакви права во Србија, додека 57 проценти сметаат дека Македонците во Србија имаат одредени права, а 27 процнети дека ги уживаат сите права.
Во Албанија, 60 проценти сметаат дека Македонците немаат никакви права.
-Можеме да кажеме дека Македонците живеат во различни држави, како политичка партија сметаме дека границите се неповредливи, но исто и дека доколку Македонија влезе во ЕУ ќе се избришат и овие вештачки граници. Токму ова е главна причина Грција да не дозволува влез на Македонија во ЕУ зашто ќе се избришат границите со Егејска Макеонија
-На 10 август е потпишан Букурешкиот договор со које е распарчена Македонија, и покрај егзодусот Македонците преживеале и како народ не треба да се плашиме дали ќе опстанеме. Повеќе од 1 милион Македонци живеат во овие граници, рече Стојанце Ангелов, претседател на Достоинство.