ВИДЕО: Достоинство и Сојузот за иднината се разделија

Од:

Поради значителни концепциски разлики со нашите досегашни политички партнери, Достоинство во иднина ќе настапува самостојно. Ова е конечниот став на Стојнче Ангелов по двте претходни најави дека ќе излезе од коалицијата „Сојуз за иднината“.

-Достоинство е пред се и над се патритска партија. За разлика од многумина други, нашиот патритизам го докажуваме војувајќи за Македонија. Ние ниту во 2001 година, ниту денес не се откажуваме од нашата борба за Македонија. Затоа Достоинство никогаш нема да престане да се бори за спас на Струга, Кичево, Гостивар, Тетово и сите останати македонски градови и села кои се загрозени со големоалбанскиот екстремизам. Достоинство никогаш нема да прифати стручно толкување на Законот за амнестија, и амнестирање на воените злосторници опфатени со хашките случаи.

– Достоинство до крај ќе се бори против понижувањето на македонскиот народ со ставање на припадници на УКЧ на јавни функции како што е случајот со Талат Џафери.

-Достинство никогаш нема да дозволи припадниците на УЧК да бидат израмнети со бранителите, од 2011 година. Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сијузот а иднината, зашто раздружувањето на се случува како што е вообичаено кај нас, туку со еден висок тон на демократска култура и взаемно почитување, соопшти Стојанче Ангелов.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски