ВИДЕО: Достоинство бара оценување на уставноста на Законот за референдум

Од:

Политичката партија Достоинство ќе ги оспорува ставовите 1 и 3 од членот 28 за Законот за референдум и бара Уставниот суд да ги поништи. Оспорените одредби се во спротивност со член 54 од Уставот, во кој се вели дека правата на човекот можат да се ограничат во случаи утврдени со Уставот, а не во слуачи утврдени со закон.

Оваа иницијатива се однесува на Законот за територијална организација на Македонија и Законот за амнестија. Од партијата посочуваат дека законите не може да бидат над Уставот. Достоинство бара судот да донесе решение во најкус можен рок за запирање на поединечните акти и дејствија, кои произлегуваат од законот.

– Оспорените законски одредби го ограничуваат правото на јавно изразување на мислата на граѓаните на Македонија, што е во спротTивност на со член 54 став 4 од Уставот. Таму се наведува дека органичувањето на слободите и правата не може да се однесува на јавното изразување на мислата, а референдумот е највисок облик на јавно изразување на мислење – изјави Благоја Марковски.


Од Достоинство ги оспоруваат и одредбите кои се во директна спротивност со член 73 став 3, во кој се вели дека Собранието е должно да распише референдум, кога предлог за тоа ќе поднесат 150.000 граѓани. Исто така, Уставот не предвидува закон, според кој може да постојат ограничувања за прашања кои треба да бидат предмет за референдумско изјаснување на волјата на граѓаните, велат од партијата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски