(ВИДЕО) Десетина лица клоцаат дете од Кочани, тоа плаче и моли за престанат – поднесена кривична

Од:

Откако десетина лица со клоци претепаа малолетно дете во Кочани, полицијата поднесе кривична пријава за насилство. На снимката која беше споделувана на социјалните мрежи се слуша како по силните удари кои ги добива од лицата кои го опколиле, детето лелека и моли да престанат со малтретирањето. Досега, идентификувани се девет лица од насилниците.

„ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ‘насилство врз дете’, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани. ОВР Кочани презема мерки и за расчистување на останатите инциденти кои следеле во текот на вечерта. Во координација со ОЈО Кочани до сега се приведени А.Н., Н.Н. и А.В., а извршен е службен разговор со 20 лица“, велат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на настаните, случајот ќе биде предаден на понатамошно постапување во Обвинителството.

Реакција за претепувањето на детето од Кочани има и од Здружението на правници Роми.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност