ВИДЕО: Дали судски предмети се делеле на рака, граѓаните да прашаат во судовите

Од:

Граѓаните кои се сомневаат дека нивните предмети во судовите не се распределени електронски, преку АКМИС системот, туку на рака, за тоа може да се обратат до судовите каде што се водат предметите, рече министерката за правда, Рената Дескоска на денешниот настан за состојбите со АКМИС системот во судовите.

„Има граѓани кои што се обратиле до Министерството со правда.Со оглед на тоа што комисијата кога врши увид, не врши увид на конкретни предмети, туку генерално на финкционирањето на системот, ние како министерство не располагаме со податоци кои предмети биле распределени рачно поименично“, рече Дескоска.

На новинарско прашање за истрагата за злоупотребите со АКМИС системот во судовите, министерката рече дека побарале извештај од Обвинителството за да биде внесен во извештајот за напредокот во реформите пред Европската комисија.

„Испративме барање до Обвинителството. Дадоа листа на чекори. Не очекувајте чуда преку ноќ. Ниедна истражна и судска постапка не завршува брзо“, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседател на Кривичниот суд Панчевски

А1он

Нема потерница за Панчевски, судот не ја добил поштата од МВР

Кристијан Ландов

Се вршат претреси во станови и куќи, полицијата се уште трага по експретседателот на Кривичниот суд Панчевски

А1он