(ВИДЕО) Дали постои и каде работи институтот „Павел Шатев“?

Од:

Институот „Павел Шатев“ од каде редовно се лиферуваат анкети за водство на ВМРО-ДПМНЕ или не работи деновиве или како институтот „Димитрија Чуповски“ воопшто нема седиште.

А1он неколку дена оди на адресата на улицата „Георги Попхристов“ наведена во документите од Централниот регистер како седиште на „Павел Шатев“, но во станот во Чаир нема никој. Нема контакт телефон, нема лице за контакт, нема ништо.

Овој институт кој е основан во 2012 година е регистриран на истата адреса на која живее претседателот на здружението, Ивана Петровска, но ниту таа не беше на адресата. За разлика од „Димитрија Чуповски“, овој институт има активен статус во Централниот регистер и пет основачи. Дел од основачите пак, имаат или имале високи функции во државни институции.

Гордана Симоноска е раководител на правната служба во Македонска Пошта, а како основач се јавува и Златко Јанковски, екс портпарол на Секретаријатот за европски прашања.

Во документите нема наведено контакт телефон. Телефонски број нема ниту на бројот за информации. Велат, на таа адреса нема регистрирано никаков број.

Овој институт во четирите години од постоењето нема сопствена страна на интернет, а сите активности ги објавува само на својата фејсбук страна која е преплавена со трибини организирани од институтот каде редовно се гости министрите од ВМРО-ДППМНЕ-трибина со Диме Спасов, со Зоран Јолевски, Владимир Нелоски, Спиро Ристовски и секако и трибина со обраќање на Никола Груевски.

pavel-satev-gruevski

Според извори на А1он, институтите се создадени со поддршка и од членови на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да создаваат анкети за голема предност на партијата, а потоа преку провладините медиуми кај јавноста да се создаде впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ е непобедлива. Членови од ВМРО-ДПМНЕ кои се на пат да ја напуштат партијата, за А1он тврдат дека се работи за одлично смислено сценарио. Бројките од анкетите во текот на изборите се штимале да бидат точни, а најчесто тоа се правело преку 170.000 гласачи кои дури за овие избори се означени како спорни. Со тоа, на крајот и анкетите наводно испаѓаат дека биле „точни“ со што им се дава лажен легитимитет за секои следни испитувања на јавното мислење.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски