(ВИДЕО) Богоев: Ветуваме заштита на зеленилото и изградба на нов парк во Карпош

Од:

Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош денеска во изјава за медиумите најави голем парк, кој ќе се простира од потегот на Скејт паркот до бунарите за вода, по должина нареката Вардар, паралелно со Карпош 4.

– Овој парк ќе има разни спортски и рекреативни содржини и ќе биде ставен целосно во функција на граѓаните на Карпош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и останатите населби. Овој парк планираме да биде поврзан и со пешачки премин кој ќе оди над улицата „Илинденска” за да можат граѓаните од Карпош 4 безбедно да пристугнуваат во паркот. Паркот ќе биде поврзан и со мостот „Газела”, со другата страна на Вардар, односно со делот од Карпош кај Злокуќани. А, граѓаните на Влае, Карпош 3, Карпош 2, Карпош 1 ќе можат лесно да пристигнат во паркот по патеката на Кејот која веќе постои, рече Богоев.

Тој кажа дека на овој начин се обврзува и ветува на карпошани дека планира целосно да го заштити постојното зеленило и дополнително преку вакви паркови и вакви слични содржини да го надгради зеленилото во општината.

-Ставаме точка на криминалното владеење во општина Карпош. Ставаме точка на уништувањето на паркови и зеленило за сметка на бетонски згради на урбаната мафија на Стевчо Јакимовски и Никола Груевски. Ние планираме да обезбедиме и ќе обезбедиме чист воздух и здрава животна средина за сите граѓани на општина Карпош, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!