(ВИДЕО) Богоев: Ветувам планска урбанизација на Злокуќани

Од:

Злокуќани е блиску до урбаното јадро, а е најзапуштена населба, започна Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Карпош, на средбата со граѓаните од оваа урбана заедница.
Граѓаните се жалат на руинираните улици, тротоари и недостатокот од осветлување.

Потребна е целосна урбанизација на Злокуќани, реконструкција на улицата „Скупи” и поставување на тротоари од двете страни со цел поголема безбедност на граѓаните, смета Богоев.

“Тука е заборавен детскиот џагор, децата немаат простор за игра и трчање”, посочи еден од присутните граѓани.

Покрај основните инфраструктурни зафати, во Злокуќани ќе биде изградено и детско игралиште со содржини за најмладите, нов простор кој ќе овозможи рекреација на децата, вети Богоев.

Исто така, со уредувањето на левата страна од Кејот на реката Вардар ќе се овозможи дополнителен простор за спортски активности на граѓаните.

Предвидуваме и нови зелени површини, како и решавање на проблемот со сепарацијата која го гуши Карпош, а е причинител и за загадениот воздух во цело Скопје.

Носителот на Советничката листа, Душко Весковски живее во Злокуќани и истакна дека за Горниот дел од оваа населба ќе биде донесен Детален урбанистички план, заедно со граѓаните, во отворена постапка, а не зад очите на јавноста како што тоа го правеа Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош