(ВИДЕО) Богоев: Нема да дозволиме Бардовци да е отсечено од урбаното јадро

Од:

Во 2017-та година, граѓаните на Бардовци сеуште се соочуваат со основни проблеми, како нереконструирани улици, лоша канализациона мрежа, недостаток од тротоари, рече Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Карпош и посочи дека новата локална власт веднаш ќе започне со решавање на елементарните проблеми, но дека се предвидуваат и други, капитални проекти за Бардовци.

– Целосно ќе ја изградиме градинката во Бардовци и нема да дозволиме најмладите да бидат жртва на лажните предизборни ветувања на Јакимовски. Предвидено е и изградба на спортски центар „Лепенец”. Планираме реконструкција на фудбалското игралиште, соблекувалните и трибините. Ќе овозможиме и заживување на фудбалскиот клуб Лепенец и дополнително активирање на младинската школа, посочи Богоев.

Тој додаде дека дворот во училиштето „Аврам Писевски” ќе прерасне во спортско – рекреативна зона со содржини за учениците кои ќе бидат прилагодени за користење и за другите граѓани од овој дел на Карпош.

– Нема да дозволиме Бардовци да е отсечено од урбаното јадро, сите граѓани заслужуваат еднаков третман и овој реон ќе биде убаво место за живеење, заврши Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар