(ВИДЕО) Богоев: На Македонија и треба државник, а не дворски шут од претседател

Од:

Шарената револуција вчера на дело ја покажа целата своја сила и надмоќ врз режимското сивило на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е собирот на ГДОМ и ДПМНЕ, луѓе присилени да дојдат, да излезат од сенка на сонце, а ова е Шарената револуција, слободоумни граѓани, излезени по сопствена волја, 100 пати посилно и помасовно. Со бранењето на Иванов, одите директно против Република Македонија и нејзините граѓани, рече претседателот на СДСММ и пратеник, Стефан Богоев.

Иванов ги помилуваше и оние квази патриоти, кои шверцерски преговарале за промена на името. Иванов ги помилуваше и оние кои подло и мизерно го криеа убиството на Мартин Нешковски. Издигнете се над криминалците кои ја киднапираа вашата парија и ја окупираа нашата заедничка држава. Наместо да одите на партиски прослави каде грогираниот и нокаутиран боксер залудно се заканува гласајте за одговорност на Иванов. На Македонија и треба претседател кој ќе се поздравува, наместо да намигнува. На Македонија и треба претседател со кој ќе се гордееме, наместо да се срамиме. На Македонија и треба претседател државник, а не дворски шут на кој му се смее целиот свет. На Македонија и треба претседател кој ќе ги штити Уставот и законите, наместо на Груевски, Мерцедесот и плацовите. Фикус ако сакате може сите дома да си чувате, тука ни треба вистински претседател и државник, рече Богоев.

Фикус дома да си чувате, тука треба претседател!

Фикус може дома да си чувате, тука треба претседател!
#ШаренаРеволуција доминира!

Posted by Стефан Богоев on Tuesday, June 21, 2016

Би можело да ве интересира

Богоев од трибината „Повеќе за сите“ во Охрид: Со мерките СДСМ поддржува 120.000 млади кога им е најпотребно

Предраг Петровиќ

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија

ВИДЕО: Колкав имот последно пријавил Богоев откако веќе не е функционер?

Петар Клинчарски

Богоев не открива дали ќе биде новиот директор на Царина, но потврди дека се разговарало во партијата

Ана Ололовска