(ВИДЕО) Богоев: Груевски во својот Мерцедес дише друг воздух

Од:

“Можеби во Мерцедесот од 600 илјади евра на Груевски, друг е воздухот, има некои посебни филтри! Или пак токму затоа Груевски си купи милионски плацеви на повисоки, на почист воздух, елитни плацеви на Водно.

Покрај дежурните и чесни вработени, кои работат трета смена во доцните часови, други кои работат во 2 и 3 часот после полноќ се криминалците и мафијата.
Груевски проблем со синусите имал, па вие од ВМРО-ДПМНЕ ни за вашиот премиер не се грижите. Човекот проблем со синусите има, вас ич не ве интересира да се намали загадувањето”, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, од денешната седница во Собранието по повод информацијата за загадувањето на воздухот.

Груевски во својот Мерцедес дише друг воздух

Можеби во Мерцедесот од 600 илјади евра на Груевски, друг е воздухот, има некои посебни филтри!Или пак, токму затоа Груевски си купи милионски плацеви на повисоко, на почист воздух, елитни плацеви на Водно

Posted by СДММ – Социјалдемократска Младина на Македонија on Tuesday, 15 December 2015

Богоев говореше и за загаденоста на воздухот во одделни градови, високиот степен на канцерогените ПМ10 честички кои предизвикуваат рак на бели дробови, срцеви заболувања.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис, целта е забрзан економски раст

(ВИДЕО) Богоев при посетата на Костал: Ефективноста на Царината видлива преку зголемување на извозот на странските директни инвестиции

Богоев: Од денес камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија се мерат само еднаш

Горан Наумовски

Богоев домаќин на директорите на Царинските управи од Западен Балкан

Богоев: Компаниите ги чувствуваат бенефитите од политиките за забрзување на трговијата