ВИДЕО: Бочварски вети изградба на обиколница до штипската бања Кежовица

Од:

Изградба на обиколница од населбата Пребег до бањата Кежовица е еден од капиталните проекти на новата локална власт, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски.

– Во делот на станбеното домување Штип ќе се развива во овој дел, а новиот Урбанистички план кој ќе го донесеме ќе предвиди станбена зона за околу 8.000 жители, рече Бочварски.

Тој забележа дека во оваа нова станбена зона ќе се изгради и канализациона и водоводна мрежа, улици и улично осветлување. Бочварски истакна дека како нова локална власт ќе градат квалитетно.

Инаку, новата обиколница ќе овозможи да се растерети и сообраќајниот хаос, но и да се повзрат неколкуте поголеми штипски населби со индустрискиот дел на градот и бањата Кежовица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ