(ВИДЕО) Бочварски: Да бев градоначалник и да го немав решено проблемот со водата за пиење ќе ми беше срам пак да се кандидирам

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Штип Благој Бочварски, на денешната отворена дебата со граѓаните, порача дека уште во првите денови од мандатот ќе се зафати со решавање на проблемот со водоводната и канализациската мрежа, како и со недостигот на пречистителна станица, бидејќи е недозволиво граѓаните да немаат чиста вода за пиење и да живеат во нечист град.

На дебатата, граѓанин на Штип донесе примерок од вода која поради дефектот на градскиот водовод е неисправна за пиење и порача дека граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките, не заслужуваат да пијат нечиста и загадена вода.

„Да сум градоначалник на Штип и да го немам решено овој проблем ќе ми беше срам пак да се кандидирам. Во Штип има села и населени места кои или немаат вода или пак пијат загадена вода, има расипан колекторски систем од каде голем дел од фекалиите истекуваат во реката, нема пречистителна станица и тоа се проблеми кои итно ќе ги решаваме во иднина. Не може Јавното претпријатие „Исар“ да вработува над 300 луѓе, а граѓаните немаат чиста вода за пиење и целиот град да биде во ѓубре. Ветувам дека ќе ги решиме овие проблеми веднаш кога ќе влеземе во претпријатието и кога ќе видиме како навистина стојат работите.“ порача кандидатот за градоначалник на Штип, Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски