(ВИДЕО) Блокиран влезот на општина Кавадарци

Од:

Учениците од Кавадарци денеска го блокираа влезот од градското собрание, искажувајќи го својот револт против екстерното оценување.

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта во општина Кавадарци се собраа на градскиот плоштад искажувајќи го својот револт против оваа според нив некоректна одлука од страна на министерството за образование и наука.

Се извикуваа пароли со наслов “Стоп за екстерно тестирање”, “Не сакаме екстерно тестирање” како и “Излези Цано”. После получасовното протестирање, дел од учениците заминаа на разговор кај градоначалникот Александар Панов дискутирајќи за настанатата ситуација.

Да потсетиме дека наставниците ја изгубија дебатата со челниците на министерството за образование, а згора на тоа дури и се пишманија во нивната намера за излегување на генерален штрајк.

Протестот помина во мирна атмосфера и траеше околу половина час. Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење