(ВИДЕО) Апостолоски: Наумоски во Ѓорче Петров нема започнато ниту еден нов проект од неговата програма

Од:

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски е синоним за лаги, неспособност и неработење. Изминаа 100 дена откако седна во фотелјата, а нема реализирано ниту еден проект. Од 100 дена владеење со општината, со недели ја раководеше од трибините на европското првенство во ракомет и ништо повеќе, рече Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.

„Ветуваше живот и чиста општина, а од животот ни Ж не дојде. Низ целата општина никнаа десетици помали диви депонии, а и постоечките контејнери не се чистат.

Наумоски пред изборите ветуваше проекти кои ни тој самиот не беше убеден дека ќе ги реализира. Еве поминаа 100 дена, нема започнато ниту еден нов проект од неговата програма или пак било каков друг проект кој ќе го подобри животот на граѓаните.

Во непосреден контакт со граѓаните Александар Наумовски вети дека веднаш по доаѓањето на власт ќе отпочне да гради градинка во Волково, но за жал останаа само ветувања.

Се пофали со нова полициска станица, но истата беше отпочната и поголемиот дел од проектот беше завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Наумовски таму замина само да се пофали со станицата за која граѓаните знаат кој ја реализираше.

Тој вети дека ќе реконструира улици, а единствено општината во моментов ја реализира улицата „Алексо Демниевски“, која се реализира благодарение на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од Ново Село секојдневно се жалат за улиците кои требало да им ги истампонира градоначалникот Наумоски. Им ветил тампонирани улици, а всушност само им ја истампонирал калта.

Наместо стручен кадар низ образовните институции и администрацијата, Наумовски донесе партиски војници кои преку своите партиски заслуги ги вработи во општинската администрација. Оние кои што работеа со години претходно беа избркани на улица.

Очигледно Александар Наумоски и неговата администрација се безидејни и немаат намера да сработат ништо за граѓаните.

За жал граѓаните на Ѓорче Петров изгласаа човек кој се расфрлаше со ветувања и проекти, а не работи ништо. Нема ниту да сработи. Следат години каде што општината ќе стагнира со развојот во секој сегмент, и ќе тргне во обратна насока“, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите