„Како политичка партија којашто произлегува од македонските бранители, со десна ориентација, покрај некои лоши искуства во минатото со СДСМ, и покрај одредени мали разлики за некои прашања, сепак ние се приклучуваме на оваа Платформа за демократска Македонија. Бидејќи целта е една, целта е рушење на овој недемократски, криминален и корумпиран режим“, рече претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, по потпишувањето на Платформата за демократска Македонија со партијата Достоинство..
Дали вашата партија е пререгистрирана?
Апсолутно е пререгистрирана, инаку не би можел да зборувам во името на партијата.
Може да ни кажете кога?
За тоа ќе ја видите мојата изјава од 2015 година. Ја пререгистриравме тогаш кога истекоа четири години, збунет сум вака од волку камери. Јас да бидам искрен ретко кога имам ваква можност, и се надевам дека благодарение на нашата борба, благодарение на оваа платформа, ќе имаме можност Македонија да стане една нормална демократска држава во која медиумите нема да се плашат да ги покриваат настаните, дури и на помалите политички пратии. Инаку, Достоинство два пати настапи самојстојно на Парламентарните избори, и два пати освои по повеќе од 9.000 гласови, и е една партија којашто ако Македонија би била една изборна единица би била Парламентарна партија, и првиот, и вториот пат од 2011 година, наваму. Ние сме благодарни на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што сериозно потегна иницијатива Македонија да биде трансформирана во една изборна единица, односно промена на изборниот закон. За жал ВМРО-ДПМНЕ се исплаши од можноста Македонија да биде една изборна единица и воопшто несакала ниту да разговара на оваа тема. А, тогаш ќе ја видевте нашата вистинска моќ, бидејќи Достоинство кога Македонија би била една изборна единица, би тежело многу повеќе од овие 10.000 гласови, одговори Ангелов.