[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]
Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов изјави дека Албанците имаат право на протест но немаат право да се мешаат во внатрешните работи на суверена земја која отстранила споменик на борците на ОВПМБ во Прешево.
Ангелов предупреди на стратегијата за создавање на етничка Албанија и како опасни го оцени тезите на претседателот на Здружението на историчарите Албанци во Македонија за размена на територии меѓу Македонија и Србија. според него предлогот бил да се разменат дел од Прешевската долина со дел од Куманово.
Ангелов, за ситуацијата во струшкото село Мислешево каде локалната самоуправа не им дозволува на Македонците да го постават 25 метарското државно знаме праша: „Каква дозвола имаа Албанците за поставување на знамето во Кичево, а и за спомениците насекаде низ Македонија?
Додека Македонците се обвинуваат кој е поголем предавник, Албанците работат на создавање на Голема Албанија, предупреди тој.
Повеќе од видеото.