„Го свикав овој прес, поради некои шпекулации во јавноста, дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е чиста лага, ниту преговарам, ниту ништо. Јас сум во коалиција со СДСМ и останувам во коалиција со СДСМ. Не е во ред, вакви компликации да се создаваат ниту на мене, ниту на мојата политичка партија. Јас останувам во коалицијата со СДСМ“, рече пратеникот од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.
– Паролата на Сојузот на Ромите, e секогаш со власта, не го кријам тоа. Бев во тој брод. Титаник пропадна и нормално прејдов во другиот брод, кажа Амди Бајрам.
Тој додаде дека е во коалиција и останува со СДСМ и дека на изборите наредната година ќе одат заедно.