(ВИДЕО) Адвокатот на Камчев: Се сомневаме на пристрасност од застапникот на обвинението

Од:

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува Јордан Камчев во предметот Плацеви на Водно, вели дека настанале процесните проблеми, поради кои, како што вели имаат реален основ за сомнение дека влијаат на пристрасност на застапникот на обвинението, на што укажувале повеќе околности.

„Во оваа постапка по редоследот на обвинителниот акт г. Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет месеци, сега почнува шестиот, се наоѓа во притвор. Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Северна Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор. Исто така, веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на г.Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода. Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена“, изјави Миланов на денешната прес конференција.

Адвокатот истакна дека во моментот кога со оваа наредба како посебен предмет е отворена постапка Никола Груевски не се наоѓал во Република Македонија и не можел воопшто да биде сослушан во врска со овој предмет, а одредбите од членот 300 став 1 од Законот за Кривична постапка изрично содржат одредба согласно која јавниот обвинител со наредба ќе ја прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или недостапен на државните органи.

„И тука би сакал посебно да потенцирам еден момент што се однесува конкретно и директно на г. Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а тоа е дека распитот на Никола Груевски пред Основното јавно обвинителство е направен на 31. 8.2015. Дествијата што се ставаат на товар како евентуално учество во прикривање, на кој било начин располагање со средства на некое казниво дело за г. Јордан Камчев и Ратка Камчева се однесуваат за период од 20.07.2015 заклучно со 21.10.2015. Апсурдно е да се смета дека на 31.8. 2015 можело да биде земена изјава од г. Никола Груевски за нешто што би се случувало во наредните два и пол месеци. Тоа е она за кое сакавме да ве запознаеме како медиуми во однос на процесите и правните проблеми во одбраната на Јордан Камчев. Ги увидовме во списите на овој предмет и во конкретната постапка водена пред Обвинителството и којашто почнува пред Основен кривичен суд“, изјави Миланов.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов