Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

Од:

Бугарското здружение „Просперитет“ од Голо Брдо, Албанија кое го предводи извесен Хаџи Пируши, побарало итна средба со претседателот Румен Радев затоа што бугарското малцинство имало проблеми да го докажува своето бугарско потекло.

Токму докажувањето на бугарското потекло преку документ кој незаконски го издавале општините во источна Албанија каде што живее македонско малцинство, било основа за сите проблеми и засилената пропаганда за асимилација на Македонците во Бугари во пресрет на октомврискиот Попис на населението во соседна Албанија.

Ова за „А1он“, го тврди единствениот македонски пратеник во Албанија, Васил Стејровски.

– Она што се случуваше во Македонија, сега се случува и во Албанија, но со посовремени методи. Софија регистрираше здруженија кои на сиромашното македонско и албанско население му нудат економска карта за Европа преку вадење на бугарски пасош. Овој бизнис со бугарски пасоши е попрофитабилен и од бизнисот со марихуана. А, Хаџи Пируши од „Просперитет“ заработи илјадници евра од овој бизнис. За Македонците бугарскиот пасош чини од 2.000 до 3.000 евра, а Албанците за него плаќаат и по 15.000 евра.

Но, откако на пробниот попис на државниот завод за статистика пред три години од 400 попишани лица во Пустец, само едно се декларирало како Бугарин, Софија ги забави процедурите и ги уцени Македонците дека ќе ги добијат пасошите откако ќе се декларираат за Бугари на Пописот во октомври – објасни Стерјовски.

За разлика од македонските граѓани кои на интервју за бугарски пасоши во Софија, Благоевград и Ќустендил, за Македонците родени во Албанија процедурата била поедноставена за да се забрза процесот, па интервјуата се вршеле во бугарската амбасада во Тирана, а документ за бугарско потекло издавале и општините на истокот од Албанија, постапувајќи надвор од своите ингеренции за мито од околу 500 евра.

– Откако ќе му ги земат парите на сиромашниот граѓанин, од амбасадата го уценуваат дека мора да се декларира како Бугарин. Тоа ги надминува ингеренциите на една амбасада во една земја и може да се толкува како директно мешање во внатрешните работи. Ние алармиравме до власта дека Бугарија преку пописните комисии во регионите ќе прави притисоци. Сега имам нови информации дека и јавното обвинителство покренало истрага за бугарските пасоши – рече Стејровски.

Во ниту еден попис досега во Албанија во последните 100 години не биле регистрани етнички Бугари, но тоа не ја спречи Бугарија да го злоупотреби членството со ЕУ и во еден од извештаите на Советот на Европа за мониторирањето на правата на малцинствата да се избори да се спомне и постоење на бугарско малцинство без да се утврди во кој географски дел живее.

– Премиерот Рама ги консултираше сите заедници при создавањето на предлог Законот за заштита на малцинствата во кој не беа впишани Бугарите. Во последен момент Бугарија се закани со вето и на крај со амандман се додаде уште едно малцинство за кое не пишува каде се наоѓа – рече Стерјовски.

Тој додаде дека секој има право да се чувствува како сака, но дека на територијата на Гора, Голо Брдо и на Преспа живеат Македонци, а не Бугари.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски