Вархеји во вторник доаѓа во Скопје и носи вакцини „Фајзер“

Од:

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник со посета на Србија ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, со чии официјални претставници ќе разговара за одговорот на пандемијата и за поддршката на ЕУ.

Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово.

Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид-19 финансирани од Европската Унија.

Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.

Европската комисија и Австрија на 20 април најавија дека на земјите од регионот ќе им бидат доставени вкупно 651.000 дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ во неделни транши, во периодот од почетокот на мај, па до август.

– Овие вакцини ќе помогнат да се забрзаат кампањите за вакцинација, како и да се осигура дека сите медицински работници од првата линија и некои од најранливите групи се вакцинирани, се вели во соопштението на Европската комисија.

Вакцините се финансираат од пакетот вреден 70 милиони евра, што ЕК го усвои во декември 2020 година за да помогне во покривање на трошоците за вакцинација, врз основа на договорот за авансно купување дози за земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

Вархеји: ЕУ направи пакет од 2,5 милијарди евра за енергетска помош на регионот

А1он