Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Од:

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји вечерва пристигнаа во Скопје, а на скопскиот аеродром ги пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Имав чест да посакам добредојде на големите пријатели на Северна Македонија, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Политичка поддршка која државите од Западен Балкан ја имаме треба да ја искористиме и да ги загарантираме стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот, напиша Маричиќ на Фејсбук.

На утрешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација, посочува Маричиќ во објавата, ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

-Им посакувам успешен престој и со убави вести за регионот да заминат од нашата држава, која е пример за надминување на спорови по мирен и дипломатски пат, вели Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Борел за состојбата на Косово: Насилството мора да се осуди, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата

ЕУ: Aвионите Ф-16 ќе завршат на украинското бојно поле

Борел: Без поддршка од Западот, Украина би морала да се предаде за неколку дена

Борел: Ако Белорусија прифати руско нуклеарно оружје, тоа е неодговорнa ескалација

Борел: Во анексот јасно е напишана обврската на Приштина веднаш да создаде ЗСО

Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид