Вархеји: ЕУ прави напори да обезбеди дополнителни вакцини за Западниот Балкан

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров попладнево на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, учествуваше на координативната видео средба заедно со колегите од регионот.

Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување на вакцини за земјите од Западен Балкан.

– Се работи за дополнителни дози вон Ковакс механизмот за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Путин: Украина и Европа сè уште не се подготвени за компромис

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ