Ванковска: ЕУ не значи совршена зона на мирот – ЕУ станува неофашистичка

Од:

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, заедно со потпретседателот на партијата Реџеп Исмаил денес ја продолжи својата кампања со средби со граѓани во Општина Аеродром. Во Аеродром Ванковска истакна дека населбата која е плански изградена во времето на социјализмот, за жал новите власти не можат да ја надоградат и напрвата подобра.

„Напротив прават полошо. Дури и оние кои ветуваат горда Македонија, не можат да направат подобра една општина“ рече Ванковска.

-Денес иако е времето топло намерно сум нагрната со оваа палестинска кефија. Тоа е мојата политичка изјава. Јас сум запрепастена дека претседателски кандидати кои се борат за првата позиција во државата до сега не изразија ниту еден збор за солидарност со палестинскиот народ и против геноцидот што се случува во Газа. Полни им се устите со Европска Унија. А јас, со оваа кефија, денес изразувам солидарност со мојот соборец Јанис Варуфакис, кој вчера доби забрана да се појави во Германија со закана од кривично гонење заради заштита на палестинската кауза. Активистите во Германија добија сериозен удар од германската полиција. Ова го кажувам не за да ја информирам јавноста, туку за да ги урнам оние илузии дека одењето во ЕУ значи чекорење во некоја совршена зона на мирот, на демократијата. Таму како што гледате расте неофашизам. Токму во Германија. Таму е застрашувачки. Таму нема слобода на движење, на говор и мисла, дури еве и на лица кои биле дел од политичкиот естаблишмент. Пример со Варуфакис, борец за слобода, интелектуалец и активист. Јас вчера му изразив и лична поддршка. Светот денеска е на чекор до она за што постојано опоменувам, тоа е нова глобална војна, во која Европа не само што не влијае како мировен фактор туку придонесува за влошување на состојбите, истакна Ванковска.
На прашање за надворешната политика Ванковска истакна дека во овој момент секој оној што го игнорира геноцидот во Газа и третирањето пред меѓународниот суд каде неколку држави покренаа тужба ги смета за морално корумпирани и практично изгубени во целиот овој глобален комплекс.

-Сите тие би биле врховни команданти, би воделе некаква дипломатија, а ниту еден од нив не зборува за мировна дипломатија, за преговори. Ова го мислам и за Украина, и за Газа и за влошување, ескалирање, на односите не само помеѓу Израел и Иран туку и за целиот тој регион. Мојата политика би била мировна, јас зборувам за соработка и егзистенција иако сум свесна дека секој ден сме поблиску до нешто обратно од тоа. Меѓутоа мораме да се трудиме затоа што нашите деца, младината зависи од тоа како ние ќе се позиционираме. Дали слепо ќе го следиме НАТО и овие западни земји кои впрочем синоќа му помогнаа на Израел да се справи со воената закана од Иран. Тука е и иронијата. Од нас бараат од име да се откажеме и од многу други работи, а излегува дека Израел кој нема никаква врска со членство во НАТО ја доби сета воена поддршка во случајот со нападите од иранска страна, рече Ванковска.

Ванковска се осврна и на односите со БРИКС и нејзината муливекторска надворешна политика.

-БРИКС се’ уште не е формализирана меѓународна организација но, јас велам да ги развиваме односите и со тие земји кои очигледно се насочени кон развивање на нов меѓународен поредок. Ќе треба време за тоа, но ние треба приклучок да фатиме. Не можеме да се однесуваме како да е тоа нешто што не’ не засега. Таму се земји од Етиопија до Емиратите, земји од Латинска Америка кои се во фаза на консолидација на тоа свое здружување, а ние треба со едно око да следиме и таму што се случува.

Би можело да ве интересира

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Катерина Ѓуровски

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски