Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Од:

Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами го исполни своето право на глас во Тетово за претседателските и парламентарните избори. Тој заедно со сопругата гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

– Денес го искористив моето уставно и законско право, да гласам на претседателските и парламентарните избори, многу важни избори за иднината на оваа држава. Секогаш, негласањето е полоша опција од колку да гласаме, затоа што со тоа ние создаваме институционална криза која најмалку е потребна на оваа држава во ова време. Нас ни требаат функционални институции кои од утре забрзано ќе работат за интегрирање на државата во Европската унија, истакна Биљал Касами по гласањето.

На новинарско прашање за инциденти Касами рече дека има, за што реагирале институциите.

– Имаше сознанија (за инциденти) но за среќа, за првпат веќе реагираат институциите, односно полицијата. Жално е тоа што во такви инциденти се имплицирани униформирани лица и од верските заедници и некои елементи од полицијата. Затоа ги повикуваме сите чинители на оваа држава, сите граѓани да воздржат од какво било деформирање на гласот на народот, затоа што за тоа ќе одговараат. Од утре граѓаните ќе бидат слободни, секој кој им згрешил ќе треба да одговара за тоа, истакна Биљал Касами.

Би можело да ве интересира

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Биљал Касами бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино