Биљал Касами ќе оди по нов градоначалнички мандат во Тетово

Од:

ВРЕДИ за уште еден мандат ќе го кандидира актуелниот градоначалник Биљал Касами за Општина Тетово на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври, соопшти на денешната прес-конференција Зеќирија Ибрахими, претседател на Алтернатива.

-ВЛЕН досега има објавено кандидатури за градоначалници со кои ќе учествува на локалните избори. Ние го поддржуваме независниот кандидат за Струга, Менди Ќира. Додека, веќе е јасно дека ВЛЕН во Тетово ќе оди со Биљал Касами, во Желино со Блерим Сејдиу. За другите кандидати уште разговараме, рече Ибрахими.

Тој нагласи дека до крајот на месецов се очекува да ги објават имињата на повеќето други кандидати за градоначалници.

Во однос на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, Ибрахими потенцира дека имаат начелен договор да се поддржуваат во општините во кои меѓусебно би можеле да се помогнат.

-И досега постоелѐ една практика дека владините партнери секогаш се поддржувале меѓусебно за локалните избори. Таквото правило ќе важи и за овие избори и ние имаме начелен договор со ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се поддржиме во општините во кои би можеле да се помогнеме меѓусебно. За конкретни општини или конкретни имиња, или за конкретни советнички листи, допрва ќе седнеме и ќе зборуваме, рече Ибрахими.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“