Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Од:

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари

Би можело да ве интересира

Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс

Хоспитализиран e министерот за здравство Таравари

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари