Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Од:

Дали премиерот Христијан Мицкоски сè уште смета дека Изет Меџити, неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, како градоначалник на Чаир земал провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербег“, како што ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше додека беше во опозиција, прашува Алијанса за Албанциите на арбен Таравари.

– Објавуваа бројки, скандали и афери за расипништвото во локалната власт, а денеска се верни владини партнери. Доколку Мицкоски заборавил, јавноста памети како пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски јавно изнесуваше обвинувања против Меџити за корупција, злоупотреби, криминали и провизии тешки 450 илјади евра. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат на прашањата кои се неизбежни и се од интерес на сите граѓани: Дали Мицкоски се откажува од својот пратеник Антонијо Милошоски и неговите тврдења за да го спаси Меџити? Дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште веруваат во сопствените обвинувања кон Меџити, или тогашната критика била само евтин популизам? Дали оваа партија е подготвена да ги затвори очите пред сите тие наводи за криминал само за да остане на власт? И најважно: дали интересот на народот е жртвуван за сметка на нивните фотељи и функции? Алијанса за Албанците потсетува: борбата против корупцијата не е предмет на пазарење. Нема компромис со наводни криминали, ниту алиби за политичка дволичност. Време е ВМРО-ДПМНЕ јасно да избере дали сака владеење на правото или заштита на коалицискиот комодитет. Граѓаните нема да прифатат двојни стандарди – едно да зборувате кога сте во опозиција, а друго да правите кога ќе седнете на власт. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се претстави како носител на промени, мора јавно и без калкулации да покаже дали ќе застане на страната на правдата или ќе остане соучесник во коруптивните практики кои самите ги разоткриваа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски и Савески разговарале телефонски, ама за детали за предметот со мазутот не станало збор

А1он

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст

Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа и порача дека повеќе од кога ни е потребно обединување