Џафери гласал и на претседателските избори

Од:

Техничкиот премиер, Таљат Џафери утрово го исполни гласачкото право и смета дека се исполнети сите услови за одвивање на изборниот процес.

– Во крајна инстанца граѓаните се свесни за значеето на изборниот процес и ја имаат сета слобода да си ја изразат волјата во кутиите. Со тоа фактички го даваат гласот даваат за оној кандидат на којшто мислат дека ги исполнува нивните очекувања, рече Џафери.

На новинарско прашање дали гласал денес и за претседател и за парламентарни тој потврдно одговори

– Да, секако. Слобода на избор и во секој случај тоа е и право, и можност, и во крајна инстанца како човек да се исполни обврската кон граѓаните, потенцира Џафери.

Техничкиот премиер на гласачкото место во родното село Форино дојде во придружба на членови од потесното семејство.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами