Уставен не дозволи УЈП и Пазарен инспекторат да ги затворат објектите кои работат со истечена концесија на плажите

Од:

Уставниот суд донесе решение со кое Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат нема да можат врз база на Уредбата од Владата да ги казнуваат и затвораат фирмите кои со истечена концесија, на диво, работат и прават профит на плажите во Охрид, Струга, Дојран и Преспа. Со ова, сите правни и физички лица кои не плаќаат за користење на државното земјиште и го имаат узурпирано, нема да имаат проблем со законот.

Од Уставниот суд за „А1он“ велат дека ваквата одлука ја темелат на тоа што донесената Уредба со законска сила не е поврзана со ситуацијата со Ковид-19 и затоа е донесена времена мерка за нејзино стопирање, се до донесување на конечната одлука.

„Уредбата има одредби со кои на времените закупци на кои им е истечен рокот, им се наложува да го ослободат земјиштето и да го доведат во првобитна состојба. Оваа уредба спречува користење на плажите од закупците на кои им истекол закупот и немаат договори. Судот не се меша во тоа дали на терен ќе се урива, нема такви ингеренции. Судот кажа дека во вонредна состојба, уредбите кои се носат, треба да имаат врска со Ковид-19. Уредувањето на права и обврски од имотно-правен карактер, немаат врска со Ковид-19“, велат од Уставен суд за „А1он“.

Ваквата одлука нема да влијае на отпочнатиот процес за уривање на дивоградби во Охрид и крајбрежјето на Охридското Езеро, бидејќи тоа е според Планот за управување со Светското природно и културно наследство.

Ќе продолжиме со процесот на отстранување на дивоградби согласно правосилните решенија“, велат од Општина Охрид за „А1он“.

За разлика од таму, во Струга, тамошниот градоначалник Рамиз Мерко нема доставено ниту список на дивоградби и тврди дека се е легално во градот. Мерко нема отпочнато процес за рушење на дивоградби.

„А1он“ објави дека договорите за закуп на плажите во Охрид се истечени пред повеќе години, а последниот во 2018 година. Според истенчените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион