ВИДЕО: Се урива хотел на брегот од Охридското Езеро

Од:

Во Охрид продолжува акцијата за отстранување на дивоградбите кои се на крајбрежниот појас на Охридското Езеро. Интензивно, од утрово, со градежна механизација се урива хотел, кој се наоѓа на брегот на езерото. Акцијата е организирана од Општина Охрид бидејќи претходно сопственикот се обврза дека сам ќе си ја урне дивоградбата, но тоа не го стори. Хотелот се наоѓа во близина на стариот пат Охрид – Струга, зад дивоизградената база на охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини. Тој е изграден на земјиште во приватна сопственост, без никакво одобрение од Општина Охрид. Во уривањето асистира и полицијата.

Претходното рушење на хотелот беше кон крајот на септември минатата година. Но, акцијата беше прекината, а општинските екипи за рушење повлечени бидејќи сопственикот на хотелот побарал сам да си го урне објектот, што му е дозволено според законот, а Охрид му дозволи да го направи за 20 дена.

Ова е трета локација во изминатиот период каде што се отстрануваат дивоградби. Акцијата почна на плажата „Немо“, па продолжи кај Канео. Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив се и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека од тогаш до денес во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од неколку дена, туку битката во справувањето со бесправно изградените градби ќе трае неколку години.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски