Стопирано уривањето и на хотел дивоградба во близина на базата од Нефи Усеини во Охрид

Од:

Стопирано уривањето на хотел кој се наоѓа на самиот брег од Охридското Езеро, со кое утрово започна Општина Охрид. Ова е четврта локација за една недела, каде градежни работници требаа да уриваат дивоградба. Повлекувањето на општинските екипи за рушење е поради тоа што сопственикот на хотелот побарал сам да го урне објектот, а за тоа, во наредниот период треба да однесе и изјава заверена на нотар, за што, општината му даде рок од 20 дена за отстранување на дивоградбата.

Стопирање на уривањето имаше и на претходните локации, кога требаше да се рушат приватна куќа и две патформи на брегот од езерото.

Хотелот кој денес градежните работници требаше да го урнат се наоѓа на самиот брег од Охридското Езеро, во близина на бетонската базата изградена од советникот Нефи Усеини. Објектот е изграден на земјиште во приватна сопственост, без никакво одобрение добиено од Општина Охрид. Доколку уривањето го направеше Општината, тогаш сопственикот на хотелот ќе требаше да плати и за градежните активности.

Уривањето објекти во Охрид започна пред една недела. Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години наназад, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од неколку дена, туку битката во справувањето со бесправно изградените градби ќе трае неколку години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски