Со црвен спреј се уништени таблите кои неодамна беа поставени пред некои од спомениците од Скопје 2014.
Станува збор за личности кои со Договорот од Преспа и припаднаа на Грција, а на Македонија и беше наложено да се огради од тоа дека се македонски историски личности.
На металните табли имаше текст со објаснување дека личноста чиј е споменикот е историска фигура од светското културно наследство.
Денеска на таблите осамна ознаката МК, а текстот со оградувањето е целосно прецртан со црвена боја.