УЈП: Оние кои не доставиле комплетно барање за финансиска поддршка, може тоа да го направат до 31 март

Од:

Управата за јавни приходи известува дека сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25 март 2021 година, најдоцна до 31 март ќе може да поднесуваат нов – коригиран образец.

-Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година -„образец ДБ-БВ-ФП-2“, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година – „образец ДБ-БВ-ФП-1”, Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДБ-БВ-СПЗСО“, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на финансиски средства „образец ДБ-БВ-ФП“, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-1“, Барање за пресметување на износот за враќање на примената финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВФП-2”, Барање за пресметување на износот за враќање на примената субвенција за исплата на придонеси од задолжително осигурување за месеците април, мај и јуни 2020 година „образец ДД-ГДВП/БВ-СПЗСО“, Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“, се вели во соопштенито од УЈП. 

Би можело да ве интересира

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Српските власти најавија нова еднократна државна помош од 50 евра, пензионерите ќе добијат по 100

Жарко Настоски

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува

УЈП го следи случајот со текстилната фабрика „Баргала“, контролата е при крај

Ана Ололовска

Лукаревска: Изречени се повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Ана Ололовска