Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Од:

Вчера полициски службеници ги уапсија Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., тројцата од Штип.

„Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена