Трифун Костовски по отфрлената жалба за замрзнатиот имот: Објавувам граѓанска непослушност

Од:

По повод одлуката на основниот Кривичен суд за замрзнување на имотот на Трифун Костовски и отфрлање на неговата жалба во случајот со „Еуростандард“ на Костовски како „недозволена“, бизнисменот се огласи со писмо во кое објавува граѓанска непослушност.

Судот пред еден месец ги замрзна целиот имот и личните сметки на Костовски, на барање на Јавното обвинителство, кое спроведува предистражна постапка околу пропаѓањето на банката, во која бизнисменот беше еден од сопствениците.

„Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката“, изјави Костовски на крајот на ноември, по првичната одлука на судот, која бизнисменот неуспешно ја обжали.

Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а судот ги замрзна сите хартии од вредност, сметки и недвижен имот на име на Костовски и на членови на неговото најтесно семејство.

Еве го во целост денешното обраќање на Трифун Костовски:

„Почитувани мои сограѓани. Од денес ја објавувам мојата граѓанска непослушност кон сите институции во Република Македонија, бидејќи постапките кои системот ги прави против мене и моето семејство ги надминува сите граници.

Можеби сум и единствениот Македонец кој сите спечалени пари надвор во белиот свет сум ги донел во земјава и за жал изгубил од луѓе кои се занимаваат со матни зделки, а се блиски до политичките структури.

На мојата жалба до основниот Кривичен Суд Скопје, по основ на замрзнување на мојот приватен имот, добив решение во коешто со големи букви е напишано ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА. Што е дозволено во нашава држава? Јас, кој сиот имот го имам стекнато со пари спечалени вон Македонија, денеска истиот ми е замрзнат, и судот ми велат дека МОЈАТА ЖАЛБА Е НЕДОЗВОЛЕНА, а додека политичари коишто недвосмислено во изминатите години говореа дека стекнале богатство колку еден успешен бизнисмен, … ама пазете од политиката!! таквите луѓе се високо почитувани во нашето денешно секојдневие.

Стојам исправено и гордо и отворено им порачувам на сите институции дека можете да ми земете се од мене, ама не можете да ми го земете достоинството и мојот непокор. Ако мислите да ме влечкате по судските лавиринти, по основ на моето неприкосновено право, јас потврдувам дека тоа нема да го дозволам со мојата граѓанска непослушност. Судството кое е контролирано од извршната власт е само продолжена рака на организираниот криминал. Во последната колумна пишував за голготата на нас Македонците. Зарем не е срамно својата лична голгота да ја доживеам во својата веќе слободна Македонија, креирана од моите Македонци. ЖАЛНО,“ пишува бизнисменот.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

A1on

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска