Апелациски суд: Постапено е согласно законот по жалбата на оштетените штедачи на Еуростандард банка

Од:

Апелацискиот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети, соопштија утрово од Апелација по обвинувањата за брзото постапување по предметот ТСЖ.бр.1554/21 оформен по жалбата на група доверители на Еуростандард банка.

-Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предметим веднаш се распределуваат на судиите. Судијата известител согласно чл. 182 ст.1 од Судскиот деловник, постапува по предметите според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи, појаснуваат од судот.

Во конкретниот случај, велат од Апелација, советот на овој суд при одлучување по предметот ТСЖ.бр.1554/2021, кој е од итен карактер, постапил согласно член 182 ст.5 од Судскиот деловник, во кој е предвиден начинот на првенствено земање на овој вид предмети во работа.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

Орце Костов