Уставeн го укина членот од Законот за банки со кој Фондот за депозити има предност за наплата од стечајна маса

Од:

Уставниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана денеска го укина член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).

Ова го објави Уставниот суд на својата веб страница.

Иницијативата за оценување на уставноста ја поведе Уставниот суд на седница одржана на 21 април 2021 година, според кој побарувањата на Фондот осигурување на депозити врз основа на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд ја поднесе Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”, соред кои сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи”, оцени дека денеска Уставниот суд донесе позитивна мериторна одлука.

-Како што претходно најави и очекуваше Здружението, денеска, 25 мај, Уставниот суд ја одржа седницата на која точка на дневен ред беше иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека денес Уставниот суд донесе позитивна мериторна одука по однос на ова прашање, наведоа во соопштение од Здружението.

Согласно актуелното законско решение Фондот за осгурување депозити ги обесштетува осигурените депозити до 30 000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Република Северна Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Дозволата за работа на Еуростандард банка ѝ беше одземена во август минатата година, од кога и се обештетуваат штедачи кои имаа депозити до 30.000 евра.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите