Оштетени штедачи од Еуростандард банка: Уставниот суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста до Собранието или Владата

Од:

Здружението „Правда за штедачи” денеска повторно одржа собир пред Уставниот суд побара овој суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или Владата на одговор, како и да соопшти информација кога ќе бие закажана седница за конечно, мериторно решавање по однос на оваа иницијатива.

–Од 21.04.2021 година до денес, 05.05.2021 година, поминати се цели 15 дена, но иницијативата не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука. Ваквата постапка на претседателот на Уставниот суд е неоправдана, ниту има основ во деловникот за работа на Уставниот суд. Напротив, таа е неоснована и со ништо непоткрепена, додека мотивот за ваквото (не)постапување, ние како здружение, го гледаме во очајниот обид преку „процедурални” трикови, претседателот да добие во време, со цел до 31.05.2021 година да не се најде точката на дневен ред, бидејќи на тој датум истекува мандатот на тројца уставни судии. Веројатно, очекувањата се дека новите уставни судии што ќе бидат избрани ќе бидат „послушни” на структурите кои од повеќе места во изминатиов период вршеа притисок врз судот, наведоа од Здружението.

Според нив, „постапката е провидна и претставува очаен обид да се опструира правдата“.

-Ние, оштетените физички и правни лицадепоненти на Еуростандард банка, нема да паднеме на тоа ниво. Затоа, најпрвин сакаме да изразиме надеж дека ниту изборот на новите уставни судии нема да ја спречи правдата. Бидејќи ако тоа се случи, во Македонија дефинитивно правда нема, истакнуваат од Здружението.

Апелираат на постоечкиот состав на Уставниот суд да ја заврши започнатата работа, наведувајќи дека претседателот е само еден меѓу еднаквите.

Бараат од претседателот на Уставниот суд да покаже барем малку чувство за праведност, бидејќи, како што наведуваат, со начинот на кој постапувате, можете да предизвикате ненадоместлива штета на неопределен број граѓани. Не само на оштетените во Еуростандард банка, туку и многу пошироко.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

Орце Костов