Триесетдневен притвор за Мијалков

Од:

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството за 30 дневен притвор за Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Плацеви на Водно“.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство.

Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Со 11 милиони евра, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков требаше да излезе од притвор, односно затворот во Шутка. Апелација му ја уважи жалбата и прифати тој да гарантира дека нема да избега со недвижен имот. Нему, му беа одредени само мерки на претпазливост.

„Со одлука од Апелација уважена е жалбата, Прифатена е гаранцијата од 11 милиони, сѐ е во недвижен имот. Има мерки на претпазливост, пријавување во судот во одредени денови и привремено одземање на патна исправа“, велат од Апелација.

Мијалков гарантирал со имот кој е регистриран и на други физички и правни лица. Притворот ќе му се укине откако ќе се запише хипотека на истиот. Гаранцијата ја прифатил Кривичиот совет на Апелација, односно судиите Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Тетовец во станот на својата девојка криел таблети за стимуланс на централниот нервен систем

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено