Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март

Од:

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичен, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор.

Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени 65 приговори односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 приговори од правни лица и 43 приговори од физички лица,

Доколку се земе споредбено со претходниот месец, во февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица.

Дополнително, во текот на месец март од доставените приговори, од кои најголем дел се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмети.

Од Кривичен информираат дека по овие предмети постапуваат 16 судии од Одделот за прекршоци, сите поднесени приговори навремено се заведуваат и согласно одредбите од Законот за прекршоци, во утврдениот рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066 сообраќајни прекршоци.

Во периодот од 1.3.2026 до 31.3.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок, информираше вчера МВР.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

Би можело да ве интересира

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита