Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Од:

Од Кривичен суд повикаа медиумите да се воздржат од сензационализам во случајот со судењето на Стојанче Јовановски за смртта на Ивана и Катја.

– Во однос на тековното судење за предметот поврзан со трагичната смрт на мајка и дете во Скопје, а кој е постапка од јавен интерес, како и начинот на кој се известува од истиот и вчерашните реакции на известувањата, ја информираме јавноста дека:

Основниот кривичен суд Скопје, како за овој така и за сите останати предмети од јавен интерес, овозможува максимални услови за транспарентна и непристрасна постапка во рамки на Законски дозволеното. Судот нема овластување на било каков начин да им влијае на медиумите во нивниот начин на известување, туку, како и неколку пати досега, ги повикува, наместо сензационализам, да се придржуваат кон новинарската етика и професионализам во известувањето, што впрочем е препорака и од Советот за етика на медиумите, изразена токму за конкретниот предмет, се вели во соопштението од Судот.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија