Се бара Мијалков да оди во притвор за „Плацеви на Водно“ откако беше ослободен со гаранција од 11 милиони евра

Од:

Обвинителството по денешната одлука на Апелација Сашо Мијалков да се ослободи од затворскиот притвор, до Кривичниот суд поднесе предлог за определување на притвор за Мијалков кој е обвинет во предметот „Плацеви на Водно“.

„По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик во предметот познат во јавноста како „Плацевите на Водно“.

Имено, обвинителот цени дека и покрај дадената гаранција и определените мерки за обезбедување, се уште постои опасност од бегство и во таа насока го достави Предлогот за притвор“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Со 11 милиони евра, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, односно затворот во Шутка. Апелација му ја уважи жалбата и прифати тој да гарантира дека нема да избега со недвижен имот. Нему, сега му се одредени само мерки на претпазливост. Мијалков излегува од затвор по десет месеци поминати во келија.

„Со одлука од Апелација уважена е жалбата, Прифатена е гаранцијата од 11 милиони, сѐ е во недвижен имот. Има мерки на претпазливост, пријавување во судот во одредени денови и привремено одземање на патна исправа“, велат од Апелација.

Мијалков гарантирал со имот кој е регистриран и на други физички и правни лица. Притворот ќе му се укине откако ќе се запише хипотека на истиот. Гаранцијата ја прифатил Кривичиот совет на Апелација, односно судиите Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов

Пет месеци судиите ја пишувале пресудата за „Трезор“, втор предмет за кој е ослободен Мијалков

Кристијан Ландов