Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Од:

Ако оштетените од масовното прислушување во Македонија сакаат да добијат надомест на штета, кривичниот суд ги советува тоа да го сторат преку граѓанска парница. Ова може да се прочита во решението за сопирање на постапката кое освен до обвинетите, почна да стигнува и до оштетените, а до кое дојде и А1он.

„Согласно член 114 став 3 од ЗКП, оштетените за предјавеното имотно правно барање – надомест на штета, спрема обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликоски и Васил Исакоски, се упатуваат на спор – граѓанска постапка“, стои во решението за запирање на постапката, а поради застарување на делото, бидејќи тоа следува по измените на Кривичниот законик од 6 септември годинава.

Во образложението на 22 страници освен имињата на оштетените, стои и целосно образложение како течела постапката, односно дека по првичната пресуда која носеше вкупно 55 години затвор и 10 години условни казни, Апелација ја поништи пресудата и предметот го врати на повторно судење.

„Се запира кривичната постапка покрената со обвинителен акт и предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поради постоење на околности кои што го исклучуваат гонењето – настанување на апсолутна застареност на кривичното гонење“, се наведува во решението со потпис на судијата Илија Трпков.

Предметот за прислушувањето го отвори некогашното Специјално јавно обвинителство под кодното име „Таргет“, но потоа овој предмет беше споен со „Тврдина“, кој се однесува на уништување на системите за прислушување.

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корпуцијата на високо ниво забележува ЕУ

Итно да се донесат измени и дополнувања на Кривичниот законик за да се ублажат штетните последици од донесените законски измени апелираат екпертите

Судењето за „Синџир“ одложено за 8 јули

Шестмина од обвинетите во случајот „Синџир“ прзнаа вина и се спогодија со Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор

Катерина Ѓуровски

Кривичен денеска ќе одлучи дали судијата Георгиев ќе оди во притвор, за Мемети нема да се бара најстрога мерка