Триесет дена притвор за Мијалков за предметот „Империја“

Од:

Судијката Весна Димишкова доцна вечерва му определи 30 дневен притвор на ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков, дознава „Макфакс“. Попладнево околу 15 часот Мијалков беше спроведен од затворот Скопје во кривичниот суд, придружуван од десетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Притворот за Мијалков му е определен поради влијание врз сведоци и опасност од бегство.

Неговиот адвокатски тим има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“, како и истрагата за случајот „Империја“.

Мијалков е во притвор од 20 ноември на барање на специјалното јавно обвинителство за случајот со масовното прислушување. Ова е прв случај на СЈО да се бара нов притвор за лице кое веќе се наоѓа во притвор.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор