Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија во рамки на редовните активности организираше три успешни крводарителски акции.
Беа организирани за вработените во полициските станици во Гевгелија, Богданци и на граничниот премин „Богородица“, во конфекцијата „Бреботекс“ и во гимназијата во Богданци.
Акциите заедно ги спроведоа екипи од трансфузиска медицина од Скопје и Гевгелија, кои од доброволните дарители собраа 74 единици крв.
Задоволен од постигнатиот резултат, секретарот на гевгелискиот Црвен крст, Младен Бундов, им се заблагодари на сите учесници за масовниот одѕив во акциите.