Тошковски не одговори дали доказите за Груби и Беџети ги има и Скопје и дали се постапува

Од:

Трпение од македонската јавноста побара денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан од новинарите за тоа дали доказите што ги има Вашингтон ги има и Скопје во врска со поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети кои се на црната листа за корупција на САД.

– Добро е познато на јавноста дека никогаш не шпекулирам и никогаш не отворам информации за јавноста коишто се несоодветни во рамки на сето она постапување кое што е во надлежност на МВР. Би побарал трпение од македонската јавност и во овој дел сега засега, рече Тошковски.

Одговарајќи на прашање поврзано со зголеменото обезбедување на државните институции во Скопје, Тошковски рече дека од безбедносен аспект состојбата е стабилна.

– Постапуваме како и секогаш во насока на нашите надлежности. Сметаме дека превентивното постапување е на соодветно ниво исто како што е на соодветно ниво и репресивното постапување во делот на надлежностите на МВР, изјави тој.

Им се заблагодари на полицајците и рече дека на нивен грб се заснова безбедноста на Македонија.

-Во изминатиов период имаше многу обиди за поткревање на меѓуетнички тензии, имаше многу обиди за осудување на работата на МВР во делот на тоа дали требало да употреби ваква сила, дали требало да употреби таква сила, дали требало да реагира на еден начин, дали требало да реагира на друг начин. Јас слободно можам да одговорам дека во согласност со консултациите со сите експерти со коишто разговарав во изминативе денови, во согласност со разговорите коишто ги имав со сите служби една работа само можам да кажам огромна благодарност до секој еден полициски службеник којшто беше на терен и којшто менаџираше во оваа, така да кажам, кревка состојба во делот на она што се труди да се поттикне во јавноста. Факт е дека одговорија полициските службеници максимално професионално, огромна благодарност до нив пак ќе повторам, тие се тие на чијшто грб се заснова безбедноста во Македонија, а факт е дека имаме стабилна и безбедна ситуација, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството оформи предмет за Артан Груби и за Енвер Беџети откако без ставени на црната листа на САД

Ковачевски не се откажал од македонското државјанство потврди министерот Тошковски

Ахмети: Доколку се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството велат од ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Агелер: На Груби, Беџети и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, се разгледуваат и дополнителни санкции

Груби и Беџети се на црната листа на САД, тоа е потврда на нашите сомневања за вмешаност во корупција, вели Мицкоски